ВИДЕО: Само кратовци видоа голови – Луцидност на Де Оливеира и „проектил“ на Илијоски!

Само два гола на денешните три натпревари од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

За разлика од дуелите во Скопје и во Охрид, единствено кратовци имаа можност да видат погодоци денеска во ремито (1-1) меѓу Силекс и Шкупи.

Најпрво Антонио Маркос Де Оливеира јуниор во 11. минута одлично се снајде пред голот на гостите и со глава мајсторски донесе водство за Силекс…

Но, Баже Илијоски со извонреден шут од околу 18 метри во 42. минута ги постави конечните 1-1…

Се вчитува...