ВИДЕО: Само половина час издржа бункерот на Вардар – Хуанми за водство на Сосиедад!

Во тотална доминација на домашните, наспроти комплетната бункер ориентација на Вардар, Реал Сосиедад по половина час игра дојде до водство од 1-0 против македонскиот шампион во 4. коло од Лигата на Европа во Сан Себастијан.

Реал до водство дојде во 31. минута со погодокот на Хуанмни по корнерот од левата страна…

За 30 минути игра, Шпанците имаат тотална доминација со 75% посед на топка, 11 удари кон голот на Вардар, наспроти „вардарци“ кои не се доближија ниту до 30 метри од голот на противникот.

Јаневски се одлучи и со шест играчи во линија да се брани против Реал Сосиедад, но досега ниту тоа не вроди со плод…

odbrana

Се вчитува...