ВИДЕО: Шампионите пристигнаа – Европскиот трофеј со Абутовиќ слета во Скопје!

Европските шампион, ракометарите на Вардар со летот од Дортмунд на „Визер“ во 11:15 часот слетаа на скопскиот аеродром.

Огромна радост меѓу „вардарци“ кои во првите свои изјави по пристигнувањето истакнаа дека сето ова е за Македонија и нејзината спортска јавност.

„Ова е за Македонија. Сето ова е за македонската спортска јавност. Време е за радост“ – рече Илија Абутовиќ во чии раце трофејот „слета“ на македонско тло…

Се вчитува...