ВИДЕО: Шкендија барем постигна гол, но никако да победи…

И трет натпревар во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, Шкендија веќе не знае за победа. Тетовци ремизираа (1-1) со Македонија ЃП на натпреварот под Шара на која гостите дојдоа до предност со голот на Едуардо во 38. минута.

За Шкендија израмни Бејтулаи во 41. минута…, но тоа беше се од „црвено-црните“ и покрај неколкуте одлични можности за погодок во вториот дел.

Се вчитува...