ВИДЕО: Шкендија доминира… Хелсинки поведе, па тетовци израмнија во 45. минута!

Шкендија и покрај квалитетното издание, по првите 45 минути има само 1-1 на дуелот против фински Хелсинки во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Тетовци добро го почнаа мечот со шансата на Ферхан Хасани во 3. минута. Во продолжението продолжи активната игра за да во 13. минута Бесарт Ибраими со одличен шут ја погоди гредата од голот на гостите.

Во 17. минута и Стенио Жуниор се најде во одлична позиција но не реализираше, за да во 21. минута гостинскиот голман го одбрани ударот и на Арменд Алими од 16 метри.

Проблем за Шкендија се јави од 25. минута кога поради повреда принудно беше заменет Мевљан Мурати, а на негово место во игра влезе Челиковиќ.

И, откако не беа искористени шанси за „црвено-црните“, следеше казната на спротивната страна. Во 35. минута по нафрлањето од корнер од левата страна, во мешаницата пред голот на Захов најдобро се снајде Осман Јалов кој од непосредна близина погоди за водство од 0-1…

Goal Jallow O (1:0) Shkendija vs HJK Helsinki by ylberenexhipi

Шкендија веднаш тргна по израмнување. Во 37. минута во убава можност се најде и Стефан Вујчиќ но не успеа да реализира, па во 45. минута следеше пенал врз Марјан Радески. Ударот од белата точка успешно го реализираше Бесарт Ибраими…

Penalty Goal Ibraimi B. (1:1) Shkendija vs HJK… by ylberenexhipi

Се вчитува...