Шкендија одигра одлично прво полувреме против молдавска Дачија во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Тетовци водат со 2-0 по првите 45 минути, иако лесно можеше да има и уште најмалку толку голови во мрежата на гостите доколку се искористеа бројните шанси на стадионот „Младост“ во Струмица.
Головите за Шкендија ги постигнаа Бесарт Ибраими од пенал во 5. минута, и Марјан Радески во 11. минута.
Во 18. минута беше поништен убав погодок на Арменд Алими поради пасивен офсајд…
А, откако претходно одлични можности имаа Вујчиќ во 22. минута и Хасани во 30. минута со шут од далечина, за одбележување е „бомбата“ на Бесарт Ибраими од слободен удар во 33. минута која заврши во гредата од голот на Дачија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА