Видео-снимка го откри Иско: Критики кон Зидан пред соиграчите… (ВИДЕО)

Повеќе од јасно е дека секогаш е тешко да се контролира соблекувалната на Реал Мадрид поради големиот број ѕвезди во тимот. Факт е дека Зинедин Зидан успешно се носи со притисокот иако секогаш има незадоволни.

Пред почетокот на „Ел Класико“ камерите го „уловија“ Иско како реагира пред соиграчите незадоволен од статусот кај Зидан. Околу Иско беа Модриќ, Јовиќ, Марсело, Лукас…, а Шпанецот се жали за третманот кој го има кај францускиот тренер.

„Ако ме менува тогаш тоа го прави во 50. минута или дури и на полувреме. А, кога треба да влезам во игра тогаш тоа е во 80. минута“ – коментира Иско, заклучок кој ги насмејува останатите.

Како и да е, Реал Мадрид славеше на мечот со Барселона со 1-3, а Иско целиот натпревар го проследи од трибините на „Ноу Камп“.

Се вчитува...