Видео-состанок во Барселона, намалување на платата на Меси и соиграчите

Огромни финансиски загуби доживуваат и фудбалските клубови поради пандемијата од коронавирусот. Сосема очекувано, најголемите загуби се кај клубовите со најплатени играчи.

Од таборот на Барселона најавија воведување непопуларни мерки како начин за намалување на загубите. Според најавите, денеска во каталонскиот тим ќе има и видео-состанок меѓу челниците на клубот и фудбалерите на кој ќе биде побарано од фудбалерите да се согласат да им биде намалена платата периодот кога нема натпревари.

Во моментов расходите се огромни. Повеќе од 65% од приходите на каталонскиот гигант одат на плати на фудбалерите, а тоа се повеќе од 500 милиони евра, нешто кое во моментов Барселона не може да го издржи.

Се вчитува...