ВИДЕО: Спектакуларен гол од 40 метри на Барсегјан…, и Спировски од далечина го матираше Пашовски

Спектакуларниот гол на ерменскиот репрезентативец од редовите на Вардар, Барсегјан го одбележа првото полувреме на дерби пресметката од 26. коло во ПМФЛ меѓу Вардар и Пелистер.

„Вардарци“ водат со 3-0 по првите 45 минути, а третиот погодок во 44. минута беше токму дело на Барсегјан кој од околу 40 метри го лобуваше истрчаниот Пашовски…

Претходно, несигурниот голман на битолчани го изненади од слободен удар од околу 25 метри и Стефан Спировски…

Вардар, пак, поведе со голот на бразилскиот интернационалец Балотели уште во 12. минута.

Се вчитува...