ВИДЕО: Супер-пресметка на „Тодор Проески“ – Херојот на Работнички е Лука Станковски!

По ремито во Тетово со Шкендија во претходното коло, Работнички не дозволи пораз и во пресметката против Шкупи во 11. коло од ПМФЛ. Херој за бод на „романтичарите“ е 17-годишниот Лука Станковски кој со гол и асистенција учествуваше во ремито од 2-2.

Најпрво, уште во 13. минута по одличното проигрување од 18-годишниот Тодоровски, Лука Станковски извонредно продре и погоди за 1-0.

Низ возбудливиот натпревар Шкупи најпрво израмни преку Илирид Адеми пред полувремето, а потоа во 49. минута дојде до пресврт со голот на Нето.

Сепак, да нема пораз на составот на Ратко Достаниќ се погрижи Николче Шаркоски, а на асистенција на Лука Станковски.

Се вчитува...