ВИДЕО: Урнебесна ситуација на прес-конференцијата на Жељко Обрадовиќ: „Да не е ова скриена камера?“

Несекојдневно интересни сцени на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар на белградски Партизан во АБА лигата и победата против Студентски Центар од 81-100 во Подгорица.

Портпаролот на Студентски Центар, збунет пред самото обраќање на легендарниот Жељко Обрадовиќ, најпрво во самата најава го утна името на тренерот на Партизан, па место Жељко го претстави како Душко.

Стратегот на Партизан уште еднаш на шега го праша „дали може сега да се претставиме како треба“, но портпаролот по вторпат го претстави со Душко пред потоа да се свести околу грешката која ја направи.

Сето тоа донесе урнебесна атмосфера во прес-собата а смеење и кај самиот Жељко кој само праша:

„Да не е ова некоја скриена камера?“

 

Се вчитува...