ВИДЕО: Уште непочнат мечот, Азербејџан поведе од сомнителен пенал!

Македонија има негатива од 0-1 уште на почетокот од пријателскиот натпревар против Азербејџан кој се игра на „Мардан арената“ во Анталија.

Азербејџанците поведоа уште во 5. минута од средбата со голот од пенал на Алмеида. Претходно беше досуден крајно сомнителен пенал по наводен старт од зад грб на Стефан Ристовски…

Од македонскиот табор бараа на „помош“ да се повика и ВАР-технологијата дали е пенал или не, но главниот судија Турчинот Халис Ускаја не го прифати тоа, категорично покажувајќи на белата точка.

Се вчитува...