ВИДЕО: ВАР-технологијата на помош, пенал за Македонија и гол на Трајковски!

Македонија израмни на пријателскиот натпревар против Азербејџан на 1-1 со голот од пенал на Александар Трајковски во 22. минута.

Во противничкиот шеснаесетник беше соборен капитенот Горан Пандев. Главниот судија Халис Ускаја од Турција покажа дека прекршокот бил надвор од шеснаесетникот, но по интервенција на Чунејт Чакир кој на овој меч раководи со ВАР – технологијата, Ускаја мораше да ја промени одлуката и да покаже на белата точка…

А, потоа успешен реализатор од 11 метри беше Александар Трајковски…

Се вчитува...