ВИДЕО: Вардар дели бодови на секого – Како стигна од 3-1 до 3-3 во 90. минута!

Вардар почна да се раздава бодови кои и тоа како му се неопходни во битката за опстанок. По пропуштената победа против Пелистер во Битола во последните секунди од натпреварот, на сличен начин испушти триумф и против Ренова во 90. минута.

А, „црвено-црните“ имаа предност и од 3-1 пред полувремето. Поведоа брзо со 2-0 со головите на Мирчевски и Попзлатанов, а потоа Ренова намали на 2-1 со погодокот на Селмани. Во 40. минута Филип Петковски постигна убав гол со глава за 3-1.




Но, во 42. минута Башким Велија врати со исто така убав гол за 3-2 пред полувремето…

И, кога се чинеше дека избраниците на Александар Васоски ќе освојат три бода, во 90. минута Ренова дојде до 3-3 со голот на Јашароски.

Се вчитува...