Одличен натпревар играат Силекс и Вардар на заостанатиот дуел од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига.
И покрај тоа што Силекс имаше многу повеќе од играта на стартот од мечот со неколку одлични шанси за гол, сепак „вардарци“ први ги шокираа домашните со водство од 0-1.
По корнерот од десната страна во 14. минута, извонредна реакција на дефанзивецот Ненад Мишковски пред голот на Силекс кој одлично со лизгачки старт од непосредна близина носи водство од 0-1 за Вардар…
Но, веќе во 20. минута израмнување на 1-1. Уште една одлична акција на Силекс, која на феноменален начин ја завршува Антонио Каланоски со прекрасен гол со глава од 12 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА