ВИДЕО: Вардар се изнапромашува, па Дарбо ги казни „црвено-црните“

Вардар беше многу блиску до триумф против Шкупи во дербито на 16. коло од ПМФЛ, но не успеа да издржи до крај по водството до кое дојде од пенал преку Дарко Мицевски во 77. минута.

Откако претходно „црвено-црните“ се изнапромашуваа погодувајќи и дирек и греда во двојна шанса за запечатување на победата, на крајот Дембо Дарбо со гол во 89. минута го спаси Шкупи од пораз.

 

Се вчитува...