ВИДЕО: Велес се „запали“…, голот на Хрватот Прелчец за триумф на Борец над Шкендија

Продолжува очајната низа резултати на Шкендија на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во 4. коло, тетовци загубија со 1-0 и на гостувањето против Борец во Велес на тој начин запоседнувајќи го последното место на првенствената табела со само еден освоен бод од четири натпревари.

А, победата за велешани ја донесе хрватскиот интернационалец Никола Прелчец со погодокот во 80. минута… Сето тоа за огромна радост на „Гемиџиите“ и сите домашни навивачи на стадионот во Велес…

Се вчитува...