ВИДЕО: Вистинско ремек-дело на Тодороски во дебито за Осијек

Македонскиот младински репрезентативец Тодор Тодороски на најубав можен начин го заокружи дебито за вториот тим на Осијек во Втората лига на Хрватска.

Осијек 2 славеше со 1-0 против лидерот Шибеник благодарение на ремек-делото на довчерашниот фѕудбалер на Вардар кој мајсторски погоди во 60. минута директно од слободен удар од околу 25 метри.

  • Голот на Тодороски може да го погледнете на временскиот исечок – 1:31.10…

„Навистина можев само да посакам вакво деби. Во Вардар воопшто не добивав шанса за слободни удари, па не можев да покажам што умеам. Тука веднаш ја добив довербата од стручниот штаб и сооиграчите и среќен сум што донесов победа на ваков начин“ – изјави Тодороски по натпреварот.

По оваа победа Осијек 2 се израмни со Шибеник на врвот од табелата со по 27 бода.

Се вчитува...