ВИДЕО: Зарем ова не е пенал!? Барди брутално соборен – за судијата нема пенал!

Каква срамна одлука на главниот судија на дуелот во Ереван на кој Македонија лесно можеше да дојде до израмнување во 27. минута.

По одличната акција на Горан Пандев, во домашниот шеснаесетник буквално брутално однесен беше Енис Барди, но зачудувачки главниот судија Мартин Стронбергсон од Шведска покажа само играта да продолжи…

Не вродија со плод ниту протестите на капитенот Пандев и Стефан Ристовски кој поради реакцијата добија плус и жолти картони.

Се вчитува...