ВИДЕО: Заслужено славје – Фудбалерите на Шкупи не пропуштија да прослават со „Шверцерите“

Фудбалерите на Шкупи со една нога веќе се во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако на првиот дуел од европската сезона славеа во Скопје против косовски Лапи со 2-0

Стрелци за чаирчани беа Кире Маркоски во 36. минута и Абдул Руатубаје во 94. минута од натпреварот.

На крајот сосема заслужено славје за избраниците на Гоце Седлоски кои не пропуштија да прослават со „Шверцерите“ од кои имаа беспрекорна поддршка во текот на целиот натпревар.

Се вчитува...