ВИДЕО: Жесток старт на Елиф Елмас – директен црвен по реакција на ВАР системот

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас заработи директен црвен картон на натпреварот на Фенербахче на гостувањето против Умраниеспор во Купот на Турција.

Елмас во 47. минута, крајно невнимателно, жестоко стартуваше врз противнички фудбалер. Главниот судија најпрво му додели само жолт картон, но по реакција на ВАР судиите и дополнително прегледувањето на видео снимките сепак на крајот доби исклучување…

 

На десет минути пред крајот се уште нема голови на натпреварот.

Се вчитува...