Виери: Јас да сум директор на Милан, не би го купил Заниоло

Милан покажува сериозен интерес за да го ангажира Николо Заниоло, откако крилниот офанзивец јасно стави до знаење дека сака да ја напушти Рома во овој преоден рок. „Росонерите“ веќе ги имаат договорено личните услови со фудбалерот, потешко им оди да најдат заеднички јазик со Рома околу висината на отштетата, но се очекува преговорите да се интензивираат во наредните 48 часа.

Легендарниот италијански голгетер, Кристијан Виери, смета дека Милан ќе направи голема грешка ако сега инвестира во Заниоло, бидејќи „росонерите“ мора да имаат поинакви приоритети на пазарот.

„Ако јас сум директор на Милан, никогаш не би го довел Заниоло. Немам ништо против момчето, но верувам дека мора да се имаат поинакви приоритети. На Милан му недостига врвен елитен голгетер, Жиру има 37 години, Ориги не ги оправда очекувањата… ако Милан има триесетина милиони евра за трошење, нека ги даде за нов напаѓач, не за Заниоло“, изјави Виери.

Се вчитува...