Виетнам нема да има трка во Формула 1 ниту во 2021 година

Трката за Големата награда на Виетнам која премиерно требаше да се одржи годинава, поради пандемијата од коронавирусот мораше да биде откажана, а за жал најдобрите возачи во светот нема да бидат дел од оваа трка ниту во 2021 година.

Во прашање е раководното лице на Народниот комитет Енгујен Дук Чанг, кој е уапсен во август месец поради откривање на документи со државна тајна. Иако се водат разговори за 2022 година оваа ситуација нималку не оди во прилог на организаторите.

Тоа значи дека за следната година ќе остане календарот од 22 трки, но не се исклучува можноста да место Виетнам на 25. април да биде додадена нова трка.

Се вчитува...