Виктор Ангелов успешно опериран, се враќа за еден месец

Младинскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец од редовите на унгарскиот Ујпешт, Виктор Ангелов, успешно е опериран во Антверпен, а на терените ќе се врати за околу еден месец. Тој имаше операција на препоните, за да ги отстрани проблемите што ги имаше во првиот дел од сезоната.

Ангелов го очекува напорна 2017 година, со настапи за својот клуб Ујпешт, но и шлагот што следи на крајот од сезоната, учество на Европското првенство во Полска со селекцијата на Македонија до 21 година.

angelov operiran

Се вчитува...