Виктор Исајловски се врати во Феникс 2010 (ФОТО)

Виктор Исајловски повторно ќе го носи дресот на Феникс 2010 откако прволигашот денеска и официјално го потврди крилниот играч. Тој настапуваше во „виолетово-жолтите“ бои во младинските категории, а по успешните настапи премина во редовите на МЗТ Скопје.

Со составот од Аеродром настапуваше и во младинската АБА лига, а беше значаен дел и од МЗТ Скопје 2 меѓу „елитата“ на македонската кошарка. Претходната сезона се врати на паркетот по тешка повреда, а бележеше просек од 7.7 поени со 37 отстотна реализација зад линијата 6,75 и 2.9 скока на 24 одиграни средби.

Со добрите настапи во ноевмри се најде и во изборот на ЕКИПА меѓу најдобрите за месецот, а доскорешниот младински репрезентативец на Македонија се очекува да биде големо засилување на тимот кој претходната сезона направи сензација победувајќи против сите тимови во првенството во дебито меѓу „елитата“.

 

Се вчитува...