Виланд: Бевме многу, многу лоши… Вардар заслужено оди понатаму

Голманот на Малме, Јохан Виланд крајно реален по елиминацијата од Вардар уште на стартот од натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Виланд потенцираше по вчерашниот меч дека неговиот тим не заслужил пласман во следната рунда натпревари.

„Бевме многу, многу лоши. И на двата дуели. Па, кога се ќе се сумира Вардар сосема заслужено продолжува понатаму“ – рече Виланд и дополни:

„Ние одлично го почнавме мечот во Струмица, така како што посакувавме со гол уште во раната фаза. Но, што се случи понатаму не знам да кажам. Место да продолжиме во ист ритам, ние како да помисливме дека се е готово. Токму таквата наша индолентност противникот ја казни. Нема оправдание за нашето потфрлање. Ние самите сме виновни за елиминацијата затоа што комплетно потфрливме на двата меча. Ми се чини како малку да го потценивме Вардар и тоа на крај го плативме“.

Се вчитува...