Виланд: Знаеме што треба да направиме, да не правиме баук од Вардар

Малме дојде во Струмица за да го елиминира македонскиот првак Вардар. Барем така најавуваат Швеѓаните, кои се решени да остварат триумф на денешниот реванш (18 часот) на стадионот „Младост“, откако „црвено-црните“ им извлекоа 1-1 на првиот меч на „Сведбанк арена“. Сепак, за тоа, нели, ќе се прашува и Вардар…

Но, чуварот на мрежата на Малме, искусниот Јохан Виланд, ја истакнува решеноста на шведскиот тим да се пласира во следната рунда од квалификациите во ЛШ и да закаже дуели со данскиот ФК Копенхаген.

„Точно е, имаме 1-1 од првиот меч, но и уште 90 минути за игра во кои треба да победиме. Треба конечно да одиграме на нашето ниво, верувам дека квалитетот е на наша страна и тоа треба да го покажеме на теренот. Знаеме што треба да направиме, и не треба сега да правиме баук од Вардар. Мора да бидеме максимално фокусирани во одбраната и не смееме да дозволиме тие да постигнат погодок. Тогаш и еден гол не води во следната рунда“, изјави Јохан Виланд, голманот на Малме, во пресрет на денешниот реванш со Вардар.

Се вчитува...