Виландер: Надал е најголема закана за Ѓоковиќ

Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер смета дека Рафаел Надал е единствениот тенисер кој може да го добие Новак Ѓоковиќ во меч кој се игра во три добиени сета.

„Рафа е единствен кој може да го победи Новак во мечевите кои се играат во три добиени сета. Можеби и Медведев на УС опен, но не верувам“, изјави Виландер. 

УС опен стартува следниот понеделник, а сезонава Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал си ги поделија грен-слем трофеите. Србинот беше најдобар на Австралија опен и Вимблдон, додека Шпанецот повторно доминираше на Ролан Гарос.

Се вчитува...