Виландер: Најголемо ривалство е меѓу Федерер и Надал

Седумкратниот грен-слем шампион Матс Виландер вели дека ривалството меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал е најголемото во историјата на тенисот.

„Тие се двајцата најголеми тенисери во историјата, а играат во иста ера. Секогаш е посебна атмосферата во публиката. Роџер лебди, се слушаат жиците како го удираат топчето, а Рафа е машина, толку многу сила и страст. Различни се, но тоа е најголемото ривалство. Мечеви на кои сите се радуваме“, изјави Виландер. 

Надал и Федерер досега се сретнаа 40 пати, а Шпанецот води со 24-16. Роџер досега освои 20 грен слем титули, додека Надал има една помалку.

Се вчитува...