Вилдоза треба да плати милион евра за потписот со Црвена Звезда

Аргентинскиот кошаркарски репрезентативец Лука Вилдоза ќе треба да му плати на својот поранешен клуб Басконија обесштета од еден милион евра, пресуди Судот во Виторија, а потврди клубот кој се натпреварува во Евролигата.

Ваквата одлука доаѓа по општужбата за шпанскиот клуб против својот поранешен играч кој по авантурата во НБА лигата каде настапуваше за Милвоки Бакс се врати во Европа, но во редовите на Црвена Звезда каде ја заврши претходната сезона. Вилдоза имал активен договор со Басконија по враќањето на „стариот континент“, а со прекршувањето на договорот му следува соодветна казна.

Се вчитува...