Вилијамс не се откажува: На подготовки во Торонто, па после и настап на УС Опен

Легендарсната американска тенисерка Серена Вилијамс, која долга ја бара својата посакувана форма и доживеа брза елиминација на Вимблдон, најави настап во Торонто, турнир кој започнува на осми август.

За Серена ова ќе биде подготвителен турнир за УС Опен. Ветеранката по една година пауза настапи на Вимблдон и загуби од Хармони Тан уште во првото коло.

„Кога играте дома, особено во Њујорк и на УС Опен, каде што ја освоив првата голема титула, секогаш е посебно. Има мотив да се подобрам и да играм дома“, изјави Серена.

Првата од 23-те Грен слем титули Серена ја освои во 1999 година во Њујорк. Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави започнува на 29 август.

Се вчитува...