Вилијан и Педро лојални на Челси

Френк Лампард денеска доби уште една одлична вест во пресрет на завршницата на сезоната откако Вилијан и Педро потпишаа нови договори со кои и следниот месец ќе останат во тимот на Челси. Актуелните договори на двајцата крилни офанзивци истекуваа на крајот од месец јуни и постоеше опасност двајцата да си заминат токму во клучниот дел од сезоната, но Бразилецот и Шпанецот се договорија за да го продолжат престојот во лондонскиот клуб.

„Тоа е одлична вест за сите во Челси. Ќе ни биде потребна помош од сите за да ги оствариме зацртаните цели“, изјави Лампард.

Педро веќе го договори трансферот во Рома, додека Вилијан најверојатно ќе остане во Лондон, со оглед на интересните понуди што ги доби од Арсенал и од Тотенхем, а одлуката ќе ја донесе по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...