Вилијан со „проектили“, но залудно кога Барса го има Меси (ВИДЕО)

Челси и Барселона реванш дуелот на 14. март во Шпанија ќе мора да го одлучуваат патникот во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако одиграа без победник (1-1) во првата осминафинална пресметка во Лондон.

Англичаните беа далеку подобар противник, носени од расположениот за игра Вилијан, но сето тоа на крајот залудно кога Барселона го има Лионел Меси кој го донесе толку посакуваниот гостински погодок за Каталонците.

Вилијан уште во првото полувреме со два „проектили“ ја најави огромната желба на својот тим за победа. Но, стативите и при двата негови извонредни обиди спречија водство.

И, конечно во 62. минута со нов шут од околу 20 метри и прекрасен гол донесе водство за Челси од 1-0…

Но, радоста на домашните брзо, по само 13 минути игра, ја скрати кој друг ако не Лионел Меси со голот за конечни 1-1. Интересно тоа беше и прв гол на Лионел Меси воопшто во пресметките против Челси во кариерата…

Се вчитува...