Вилијан: Тоа е фудбал – имавме план, игра и водство, но не победивме

Вилијан беше тактичкото изненадување на Антонио Конте на вечерашниот дуел со Барселона и Бразилецот на Челси максимално ја оправда довербата. Тој беше најдобар поединец на својот тим, во првото полувреме два пати го погоди дирекот, а во вториот дел успеа да го совлада Тер Штеген, што на крајот сепак се покажа недоволно за победа над каталонскиот гигант.

„Тоа е фудбалот, ова беше исклучително тежок натпревар, но ние одигравме одлично, за жал недовлно и за победа. Имавме план, тие да ја имаат топката, ние да напаѓаме по контранапади. Стигнавме и до водство какво што посакувавме, среќен сум за постигнатиот гол, но за жал не можам да бидам задоволен од конечниот исход. Како и да е нема да е предадеме, веруваме во себе и убеден сум дека можеме да стигнеме до позитивен резултат во Барселона“ – изјави Вилијан.

Се вчитува...