Вилјареал го помина Јувентус, па загуби од Кадиз (ВИДЕО)

Само неколку дена откако го елиминираше Јувентус и се пласираше во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, екипата на Вилјареал денеска беше шокирана од Кадиз и загуби со 1-0.

Херој на домашниот тим беше Собрино кој во 90. минута донесе голем триумф за својот тим. Интересно е што избраниците на Унаи Емери упатија само еден шут во голот, наспроти седумте на домашните играчи.

Во вториот меч, Селта Виго одигра без голови против Бетис.

Се вчитува...