Вилјаш Боаш: Тухел ми рече дека победата е како да сум добил на лото, а јас му возвратив…и ти исто со Аталанта!

Олимпик Марсеј оствари триумф во големото дерби на „Паркот на принцовите“ победувајќи го Пари Сен Жермен со 0-1. Големата борба на теренот на крајот кулминираше со жестока тепачка по која беа доделени и пет црвени картони. Интересно беше и на прес-конференцијата.

„Тухел ми рече дека победата на Олимпик Марсеј е како да сум добил лото. Му возвратив…Знам, и тебе ти беше исто против Аталанта“, откри Андре Вилјаш Боаш, тренерот на гостинскиот тим што се случувало во подтрибинскиот простор.

Се вчитува...