Вимблдон нема да им дозволи на Русите и Белорусите да настапат

На тенисерите од Русија и Белорусија нема да им биде дозволен настап на годинашното издание на Вимблдон, пренесува американскиот Њујорк тајмс.

На овие тенисери нема да им биде дозволен настап на неофицијалното светско првенство во тенис, поради инвазијата на Русија на Украина. Со тоа Вимблдон ќе стане првиот тениски турнир кој ќе ги суспендира тенисерите од овие две земји, откако претходно им беше дозволено да настапуваат на сите турнири на АТП и ВТА турнејата, но без националните обележја.

Годинашното издание на Вимблдон почнува на 27. јуни.

 

 

Се вчитува...