Вимблдон одлучи: Русите и Белорусите се враќаат на најголемиот тениски турнир

Руските и белоруските тенисери ќе можат повторно да се натпреваруваат на Вимблдон од оваа година, откако денеска беше донесена одлука за кревање на забраната поради која лани не можеа да бидат дел од најголемиот тениски турнир.

Санкциите беа наметнати по почетокот на воениот конфликт во Украина, но по долги разговори и размена на мислења и ставови, денеска беше официјализирана одлуката за зелено светло за камбек на спортистите од Русија и Белорусија почнувајќи од Вимблдон 2023. Според одлуката, овие тенисери ќе можат да настапат како неутрални, но ќе мора да исполнат два услови: Да не го поддржуваат рускиот и белорускиот режи и да не се финансирани од фондови или компании директно управувани од државните власти во овие земји.

Вимблдон годинава ќе стартува на 3 јули, а зеленото светло за настап ќе се однесува и на турнирите пред овој гранслем, што традиционално се одржуваат во Квинс и во Истбурн.

Се вчитува...