Вимблдон размислува за суспензија на Русите и Белорусите и во 2023 година

Челниците на Вимблдон размислуваат за можноста да им се забрани учество на руските и белоруските тенисери на турнирот и во 2023 година. Одлуката околу забраната крена многу прашина, а Ол Ингланд Клуб заработи казна од страна на ВТА.

Тениската асоцијација на Англија (ЛТА) се подготвува за судски спор, со оглед дека им забрани на играчите од двете земји да играат во Нотингем и во Истборн.

Вимблдон беше казнет со 207.000 фунти, додека ЛТА мораше да плати уште 620.000 фунти.

Одлуката за идната година и натаму не е донесена, но луѓето од организацијата размислуваат, доколку останат истите упатства од Владата, забраната ќе остане и за следниот Вимблдон.

Се вчитува...