Винисиус: Барселона нудеше повеќе, но јас сакав во Реал Мадрид

Младиот бразилски фудбалер Винисиус Жуниор, откри дека за него биле заинтересирани од таборот на Барселона, но дека на крајот пресудила неговата симпатија кон Реал Мадрид.

„Барселона понуди повеќе, но јас го одбрав Реал Мадрид поради подобриот проект. Марсело зборуваше со мене, Кашемиро исто. Многу ми помогнаа“, изјави 18 – годишниот Винисиус. 

Младиот Бразилец уште во мај 2017 потпиша договор, а официјално беше претставен минатото лето. Реал Мадрид за услугите на Винициус, на бразилскиот Фламенго му исплати 40 милиони евра. Винисиус кај Лопетеги не доби шанса и играше во Б тимот, но со доаѓањето на Солари на клупата стана стандарден првотимец.

Се вчитува...