Натпреварот помеѓу Бразил и Мароко на Светското првенство заврши нерешено 1-1, но по последниот свиреж, многу повеќе се зборуваше за потегот на Винисиус Жуниор отколку за самиот резултат.
Бразилската ѕвезда се најде во центарот на вниманието поради одбивањето да се придржува до едно од новите правила на ФИФА воведени за Светското првенство во 2026 година.
Според новите правила на ФИФА, одредени играчи мора да стојат пред телевизиските камери и да даваат кратки изјави за време на полувремето на натпреварите. Сепак, Винисиус одлучи да ја игнорира таа обврска.
Додека бразилските репрезентативци заминуваа кон соблекувалната, новинарите се обидоа да добијат негов коментар, но Бразилецот јасно стави до знаење дека не сака да зборува.
Новинар од бразилска телевизиска станица го предупреди Винисиус дека одбивањето да разговара може да резултира со дисциплинска постапка и парична казна. Одговорот на бразилскиот фудбалер беше краток и многу директен.
„Знам. Ќе ја платиме казната, никој од нас нема да стои пред микрофоните на полувреме.“, рече Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
