Винисиус со порака до фудбалерите на Мајорка: Никогаш нема да имате пари колку мене

Реал Мадрид киксна на гостувањето кај Мајорка со што и дозволи на Барселона да ја зголеми предноста на врвот на табелата на осум бода. Лошиот ден на „кралевите“ го одбележа и Винисиус Џуниор кој го заработи петтиот жолт картон во сезоната па ќе паузира и на следниот меч во Ла Лига.

Бразилецот во текот на целиот натпревар беше во интерес на противничките играчи кои постојано го провоцираа, а како што пренесува „Ел Чирингуито“ тој им возвратил со „финансиска мерка“.

„Кога ќе завршите со фудбал ќе мора да најдете нова работа бидејќи никогаш нема да имате пари колку јас“, им дофрлил Винисиус.

Се вчитува...