Винисиус станува најскап играч на светот!?

Англиските медиуми пишуваат дека играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор наскоро би можл да замине во Саудиска Арабија, ако неговиот клуб ја прифати богатата понуда вредна 350 милиони евра.

Толку е понудата од Ал-Ахли до „кралевите“, со што дефинитивно би станал најскап трансфер во историјата на фудбалот ако се реализира.

Во Реал Мадрид наводно биле подготвени на преговори за оваа сума, па може да тргне во потрага за напаѓач, а Мбапе да го префрли на левокрилната позиција. Згора на  тоа бразилското крило би бил и најплатен играч во светот со платата која би ја добивал во овој клуб.

Шпекулации на оваа тема се појавија уште пред повеќе од половина година, но Винисиус сега многу посериозно ја разгледува темата. Доколку Бразилецот изрази желба за трансфер, се очекува Флорентино Перез да седне на маса со раководството на клубот од Саудиска Арабија и да постигне договор околу висината на отштетата.

Се вчитува...