Винисиус Жуниор му донесе победа на Реал Мадрид

Реал Мадрид едвај го скрши отпорот на Валјадолид и стигна до минимален триумф од 1-0 во вториот меч од Ла Лига. Тимот на Зинедин Зидан не доминираше на овој меч, а патот до мрежата на противникот ја најде младиот Бразилец Винисиус Жуниор во 65.минута.

Само осум минути откако влезе во игра менувајќи го Лука Јовиќ, кој претходно промаши колосална можност, Винисиус Жуниор се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник. Бразилецот доби топка од еден одбранбен фудбалер на Валјадолид и со итра реакција успеа да го совлада голманот Роберто Хименез.

Се вчитува...