Винс Картер добива уште едно големо признание

Винс Картер ќе добие уште едно, последно признание пред засекогаш да ја затвори вратата на спортската кариера. НБА лигата објави дека 43-годишниот кошаркар ќе му го додели признанието „Sportsmanship Award“. Легендата на Лигата се повлече по 22 сезони откако во последнава одигра 60 натпревари за Атланта со просек од по пет поени и два скока и 15 минути на теренот по натпревар.

Секој од НБА тимовите номинира по еден играч за оваа награда. Специјален панел селектора по еден кошаркар од секоја од ќесте дивзии. Актуелните НБА играчи гласаат за честе финалисти. Покрај Картер кој победи со 142 гласа од можните 266 за првото место во конкуренција беа и Стивен Адамс, Харисон Барнс, Лангстон Галовеј, Тиус Џонс и Гарнет Темпл.

Во текот на 22-годишната кариера, Картер осум пати беше избиран за Ол-стар викендот, двапати беше селекторан во тимот на сезоната, а во 1998/99 беше избран за дебитант на сезоната. Во 2015 година ја доби и наградата „Соиграч на годината“ кој рефлектира на несебичност во и вон теренот, лидерство и менторска улога кон останаите НБА играчи како и кон посветеност на тимот.

 

 

Се вчитува...