Висар Муслиу ја засилува Шкендија!

Шкендија подготвува супер трансфер за продолжението од шампионатот во Првата македонска лига со ангажман на репрезентативниот стопер Висар Муслиу!

Како што дознава ЕКИПА двете страни веќе и дефинитивно постигнале меѓусебен договор, па деновиве се очекува само официјалната промоција на 23-годишниот централен дефанзивец кој од Вардар се сели во најголемиот фудбалски ривал.

Според нашите информации, Муслиу и покрај неколку понуди за продолжување на кариерата во странство се одлучил да ја прифати понудата на Шкендија каде ќе заработува месечна плата од 10.000 евра.

Вардар, пак, со уште еден аматерски потег на раководството на клубот дозволи Висар Муслиу да си замине од клубот како слободен фудбалер без ниту денар отшетата, затоа што на почетокот од сезоната пристапувајќи од редовите на Ренова потпиша аматерски договор со репрезентативецот.

Висар Муслиу беше член на златната македонска генерација која минатата година учествуваше на ЕП 2017 во Полска, по што се избори и за стандардно место во сениорската селекција на Игор Ангеловски.

Се вчитува...