Висар Муслиу на „мета“ на руска УФА

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу е на мета на рускиот прволигаш УФА, пренесуваат медиумите во Русија. Муслиу во моментов е член на унгарскиот МОЛ Фехервар каде премина минатата сезона од редовите на тетовска Шкендија.

УФА во моментов се наоѓа  13. позиција во рускиот шампионат и годинава ќе има тешка борба до самиот крај за опстанок во елитното руско натпреварување. Муслиу минатата сезона за Фехервар забележа 26 настапи на кои постигна два гола. Досега за А-репрезентацијата на Македонија одигра 20 средби, а еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...