„Виси“ и мечот Наполи – Интер

Италија има сериозна борба со коронавирусот, а многу трпи и фудбалот. По откажувањето на мечот Јувентус – Милан кој вечерва требаше да се игра во Торино, „виси“ и дуелот меѓу Наполи и Интер на „Сан Паоло“. Тој е закажан за утре, но откажувањата направија комплетен хаос во распоредот.

Ова се реванш полуфинални натпревари од Купот на Италија. Најголема дилема сепак останува натпреварот меѓу Јувентус и Интер од Серија А. „Нероаѕурите“ одбија неколку термини за одигрување на натпреварот, можност да играат и пред полни, но и пред празни трибини на „Алијанц арена“ во Торино.

Се вчитува...