Екипата на Висла Плоцк славеше со минимални 25:24 против Мелсунген во второто коло во ракометната Лига на шампионите.
Ова беше дуел од групата Б во која се наоѓа и македонскиот шампион кој синоќа во неизвесен натпревар загуби од Нант во СЦ „Јане Сандански“.
Иако на полувремето имаше два гола негатива, полскиот тим во вториот дел успеа резултатски да се врати во игра, и во последните пет минути со серија 3:0 благодарение на головите на Илиќ (два гола) и на Косоротов дојде до триумф од 25:24.
Во редовите на Висла најдобар со девет гола беше Бјер, додека на спротивната страна Стефансон постигна седум гола.
Данскиот шампион Алборг рутински со 36:26 славеше на гостувањето кај Целје. Тобијас Нилсен беше незапирлив за ракометарите на Целје постигнувајќи 13 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
