„Вистина е дека имавме договор со Гвардиола и Меси, но…“

Пеп Гвардиола и Лионел Меси биле на чекор до потпис со шпанскиот прволигаш Хетафе. Претседателот на малиот мадридски клуб Анхел Торес кој бил во одлични односи со поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, вели дека Меси не потпишал со клубот, само поради тоа што тогашниот тренер Франк Рајкард го блокирал трансферот.

„Имавме договор со Барселона околу доаѓањето на Лионел Меси во неговата прва или втора професионална сезона. Се беше завршено, но на крајот Рајкард го стопираше трансферот“, вели Торес. 

Исто така тој открива дека во 2008 година Гвардиола бил многу блиску да стане тренер во клубот.

„Бев со тогашниот спортски директор на Барселона Аитор Бегиристајн во Швајцарија. Имаа идеја да го ангажираат Микаел Лаудруп, а ние како резервна опција да го добиеме Гвардиола. Не бев нешто многу заинтересиран во тоа време за него, а на крајот и пропадна целата работа“, заврши Торес. 

Наместо Гвардиола на клупата на Хетафе седна Виктор Муњоз, додека Пеп испиша историја со каталонскиот клуб.

Се вчитува...